Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот.

Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една охридска населба, при ракување со службено оружје-пиштол, се самоповредил.

Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид каде била констатирана прострелна рана во левата рака, соопшти СВР Охрид.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе следува соодветен поднесок.

Г.М.

Фото:Илустрација