Поликлиниката „Денториа“ петнаесет години гради и негува успешна приказна во грижата за оралното здравје на пациентите. Отсега, на нова локација на бул. „Туристичка“ бр.95, со современо модерно уреден простор, три ординации, најсовремена апаратура и достапен бесплатен паркинг простор за своите клиенти.
Во петнаесет години научивме и пораснавме многу. Како многу млад стоматолог отворив своја клиника и низ годините научив и јас, но и целиот тим, многу лекции, пораснавме, за да дојдеме до тоа што денес го имаме, поликлиниката „Денториа“, вели сопственикот, доктор Ертан Омеров.
За пациентите, посочува, најважно е поставувањето на точна дијагноза, според која подоцна се преземаат следните чекори, додавајќи дека нудат еден поинаков концепт на работа.
Концептот се состои во планирање, правење на рендген снимка зависно потребата, 2 Д рендген, 3 Д рендген или снимка со мал рендген, како главна алатка да можеме да воспоставиме каква болест или каков проблем има пациентот. Без рендген снимка можеме само да нагодуваме. Денешниот рендген нема никакво зрачење, затоа што е буквално речено дигитална компјутерска томографија. Врз основа на тоа согледуваме што и како ќе се работи кај пациентот и даваме понуда за секој пациент. Сите консултации и сите прегледи се прават со мене. За секој еден пациент се изготвува индивидуален план со ставки за работа. Не работиме со Фондот, работиме приватно. Можеби сме единствена поликлиника во Македонија и регионот што наплаќаме преглед – консулатција, но доколку пацинетот се одлучи за терапија или третман во нашата поликлиника уплатените средства влегуваат во цената на услугите, вели Д-р Омеров.
Посочува дека 90% од пациентите со кои работат се од странство, а во насока на поголема достапност и можности и за нив, веќе години наназад функционира и клиниката што ја имаат во Истанбул.
Нудиме услуги како „Денториа“ и во Македонија и во Турција. Со истиот концепт функционира и поликлиниката во Турција. Мојата специјалност е дентална имплантологија. Отворивме уште една специјалистичка ординација во склоп на поликлиниката „Денториа“ во која што даваме услуги од општа стоматологија, специјалистичка стоматологија, парадонтологија. Значи сите парадонтални џепови, лекување на парадонтална болест, дентални импланти, проблеми со дентални импланти. Веќе петнаесет години најмногу работам дентални импланти. Планирањето на денталните импланти пред петнаесет години и сега е многу различно. Денес во поликлиниката „Денториа“ сите отпечатоци што се земаат од уста ги земаме со 3Д скенер. Значи се зема отпечаток, се прави 3Д рендген и професионални фотографии се со цел да креираме идеална насмевка. Се прави персонален план за секој пациент, што сака, што очекува, од кој материјал да се изработат заби, бидејќи работиме со сите можни материјали на пазарот, од метал керамика, се до фасетирани циркони, Emax цирконија…, потенцира Д-р Омеров.
Истакнува дека кога станува збор за денталните импланти фокусот сега се става на холистичкиот начин на живот што подразбира отстранување на сите можни метали од нашето тело.
Сите добро знаеме дека во минатото денталните импланти се изработуваа од титаниум. Сега веќе титаниумот го заменуваме со циркониумски имплант. Поставуваме циркониумски импланти, но не во секој случај, значи има одредени случаеви. Тоа го одредуваме на нашиот 3Д рендген, каде гледаме колкава е дебелината, формата, густината на коската, кај се нервите, синусите и врз основа на тоа одредуваме кој е најдобар имплант за тој пациент. Пациентите кои доаѓаат од странство најмногу ни ги бараат циркониумските импланти, вели Д-р Омеров.
Насмевката на пациентите во „Денториа“ може да се трансформира за 24 часа, од ектстракција на сите заби, до поставување на импланти. На пациентот му се ставаат привремени заби кои што се носат од четири до шест месеци, па и до година дена, додека да заздрави мекото ткиво за да се зема дефинитивен отпечаток и да се направат дефинитивни заби од материјалот што ќе биде договорен.
Во „Денториа“ се вршат и сите хируршки интервенции, а најбитна работа е стерилноста, амбиентот, најсовршените импланти и методи. Но најважно од се е грижата за оралното здравје, вели Д-р Омеров.
Да се прават редовни контроли, да се четкаат забите по двапати на ден, да се користи забен конец, да се чисти јазикот, минимум еднаш годишно да се прави рендген, затоа што ние стоматолозите кога ќе дојдете кај нас, ја гледаме само површината што е однадвор, додека подетално можните заболувања можеме да ги видиме на рендген снимки, а по потреба се правиме и други соодветни снимки, истакнува Д-р Омеров.
Тимот на „Денториа“ брои дванаесет вработени и се отворени како поликлиника за вработување на доктори. Вработените постојано се во тек со најновите трендови во областа на оралната медицина преку посета на семинари, конференции и други стручни усовршувања и активно ги ементираат стекнатите знаења во пракса, додава Д-р Омеров.
Јубилејот – 15 години постоење „Денториа“ го одбележа викендов со пригодна свеченост што се одржа во новите простории на поликлиниката на булевар „Туристичка“.
OhridNews/PR
Фото: Стојан Стојаноски 2S