Поликлиниката „Кардиолаб Маџаров“ од 1-ви април склучи договор со Фондот за здравство со што покрај во Биохемиската лабораторија осигурениците ќе можат со упат од матичен лекар и сино картонче да користат широка палета на здравствени услуги во Одделот по Интерна медицина за кардиологија.

Здравствените осигуреници сега ќе можат со сино картонче да прават прегледи на срце, мозочни крвни садови, артерии и вени на нозете, холтери за срце и крвен притисок, стрес тест, ехо на штитна жлезда, стомачни органи, бубрези и други дијагностички прегледи кои се изведуваат со најсовремена медицинска апаратура, информираат од „Кардиолаб Маџаров“.

OhridNews