Несктротливиот вевчански дух и вековната традиција и денеска привлекоа голем број гости во најкарневалското место во Македонија.


Од најмало до најстаро, во Вевчани речиси се беше маскирано.Таков е обичајот, а згора на тоа карневалот и подмадува, велат вевчанци.

– Јас имам 60 години, ама ги сметам како 30, триесет пијам, а остатаокот толку се.-изјави еден весел василичар.


-Немаме никакви позадини како што сакаат да прикажат некои, или намера да оцрниме некого, едноставно ова ни е издувен вентил за сите прилики и неприлики што се, рекоа вевчанските василичари.


Карневалската традиција е стара 14 века, колку и самото Вевчани. Но времињата се менуваат забележуваат повозрасните вевчанци.

Пред 10 години немаше женски, сега повеќе женски се маскираат, забележа повозрасен жител на Вевчани.

Во Вевчани денеска грмеа зурли и тапани, но се играше и Гангам стајл. Низ улиците имаше многу народ, но и понекоја вевчанска шмизла, волшебници, роботи, како и разни војски, од кои најбројна беше таа на Сулејман величенствениот.



Политичарите годинава не ги удостоија вевчанци со присуство, што беше вообичаена слика изминатите години. Но вевчанци не ги заборавија нив посветувајќи голем дел од маските токму на политичарите и актуелните политички случувања во земјава. Тие подготвија пародија на  донесувањето на буџетот, во центарот на вниманието беше и Амди Бајрам со неговата свита, како и коалициите на некогаш лутите политички противници.


Од критика не беа изземени и некои медиуми, но и црквата.


Васлиличарите потсетија на стогодишнината од Букурешкиот договор, но не го одминаа ниту спорот со Грција на која и даваа помен откако минатата година ја погребаа.


Василичарите  за Стара нова година ќе ги посетат сите домови на вевчанци, а маските ќе ги симнат утре на пладне со што ќе завршио годинашниот карневал.

Г. Момироски
фото:Емилио.