Политичките партии се најкорумпирани, покажуваат резултатите од анкетата, што ја спровеле Државната комисија за спречување на корупцијата и агенцијата Рејтинг.

Истражувањето покажува дека граѓаните сметаат дека кога партиите ќе дојдат на власт, на прво место работат за партиски интереси, на второ за интересите на богатите спонзори и на трето место за своите членови. 

На листата најкорумпирани по политичарите, следат судиите, лекарите и новинарите.

OhridNews