Екипата на Квинс Парк Ренџерс е се поисвезно дека ќе ја напушти Премиер лигата. “Полицајците“ во последниот натпревар од 30-та рунда претрпеа пораз 3-2 на гостување кај Фулам.


На осум натпревари до крајот од најсилната лига во Англија, КПР има негатива од седум бодови што се премногу. Ако се земе фактот дека избраниците на Хари Реднап во целата сезона имаат забележано само четири победи, а до крајот на првенството ќе треба да извојуваат уште толку за да се надеваат на опстанок во елитата.

Избраниците на менаџерот Мартин Јол поголем дел од работата за победа завршија во првиот дел кои го добија со 3-1. На стартот од вториот дел КПР намали на 3-2, а работите за домаќините ги искомпликува Сидвел заработувајќи црвен картон во 80-та минута. Сепак тоа не промени ништо и Фулам забележа значаен триумф, со кој го обезбеди престојот во Премиер лигата за уште една сезона.

Мх.П.