Полиција во Кина сопрела возач чиј камион тежел пет пати повеќе од пропишаната дозволена маса од 6 тони.

– Кога стигнавме до прозорецот, се шокиравме кога забележавме дека возачот нема раце-кажува портпаролот на сообраќајната полиција. Возачот возеше неприлагоден камион. Немаше ни возачка дозвола. Возачот ги уверувал дека нема никакви проблеми со возењето. Причината што нема возачка е инвалидитетот. Рацете му ги разнеле  петарди кога имал 12 години.

– Отидов во шест школи за возење, но ниту една не сакаше да ме прими. Добро возам. Дури едно време возев и на трки – вели возачот Занг.

Поради својот недостаток, по завршувањето на факултетот, не можел да најде работа. Започнал бизнис со пијалоци во градот Qingdaou. Има вработен возач кој ја извршува доставата, но кога е отсутен или болен, сам ја извршува работата. Ги молел полицајците да му прогледаат низ прсти. Добил казна од само 25 евра. Пропишаната казна за возење без возачка дозвола е 250 евра и до 15 дена во затвор. Ветил дека никогаш повеќе нема да вози.