
Мотивот за грабнувањето за полицијата сеуште е нејасен, бидејќи осомничените се бранеле со молчење. Тие вчера беа изведени пред истражен судија.
Случајот бил пријавен пред два дена, од страна на возачот на градоначалникот.
Според пријавата, грабнувањето било извршено откако претходно еден од осомничените побарал од градоначалникот да му исплати 15000 евра. Бидејќи не ги добил парите, истиот се упатил кон неговиот дом и кога повторно бил одбиен, извадил пиштол со кој што го удрил возачот, во моментот кога од него бил спречен да тргне кон градоначалникот. Откако возачот паднал на земја, градоначалникот и осомничените влегле во возилото со намера да го однесат во болница, но под закана со огнено оружје, осомничените ги пренеле на периферијата на Охрид, каде заканувајќи им се по животите испукале во воздух, барајќи да им бидат дадени парите. Вечерта, како што е пријавено возачот им дал 5000 евра, а следниот ден истото го сторил и градоначалникот.

– Ние е носителите на јавни функции сме изложени постојано на разни притисоци и закани. Јас исто така.Но, нема да подлегнам на таквите закани и притисоци и ќе продолжам да работам и натаму како до сега – одговорно, рече Петрески.












