СВР Охрид поднесе кривична пријава против против 36-годишно лице од струшко Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против 23-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање на сторител во извршено кривично дело”.

На 10-ти декември, на булеварот „Туристичка“, по кратка расправија која прераснала во тепачка помеѓу пријавените со 34-годишно лице, првопријавениот извадил пиштол и со еден истрел го погодил оштетениот со што му нанел тешки телесни повреди.

OhridNews