Унапредување на меѓусебната соработка и градење на партнерски однос помеѓу полицијата и граѓанскиот сектор е целта на Договорот за Регионално поврзување на СВР Охрид и Невладините организации од Охридско-струшкиот регион. Овој важен документ, кој беше потпишан денес во Струга, според полицијата ќе придонесе за заедничко градење на постабилно и побезбедно општество.

-Денешното поврзување на Секторот за внатрешни работи и невладините организации претставува суштински демократски чекор во унапредување на нашата меѓусебна соработка. Тоа значи зголемување на степенот на меѓусебната доверба и градење на партнерски однос во решавањето на безбедносните проблеми граѓаните, вели Стефан Димоски, потпарол на СВР Охрид.

Потпишувањето на договорот за меѓусебна соработка е дел од активностите на Министерството за внатарешни работи на Република Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

OhridNews