Две малолетни лица се затекнати во два угостителски објекта во Струга по 24 часот, при синоќешната акција на полицијата во рамки на проектот „Машани патроли“, пренесува „Пресс24“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за овој медиум, малолетните лица немале алкохол на масите пред себе, при што им било укажано дека мора да се придржуваат кон законските прописи за престој до 24 часот.

Инаку, изминатиот викенд мешани полициско-родителски патроли, во рамки на програмите за Безбедни училишта и за Правна социјализација на младите, патролираа низ угостителските објекти во Охрид.

OhridNews