Со новите измени на Законот за полиција кои беа изгласани деновиве, полициските службеници без налог издаден од истражен судија, ќе можат да влегуваат во домовите на граѓаните за да вршат претреси и да апсат осомничени лица. Целта е да се олесни работата на полицијата, за да се спречат евентуалните жртви при спроведувањето постапки.
Според Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, новиот закон е јасно прецизиран, а веќе неколку години се применува во Хрватска. Полициските службеници ќе можат да уапсат граѓанин без писмена наредба, само доколку се исполнети условите од Законот за кривична постапка. „На овој начин полицајците ќе можат уште подобро и поефикасно да работат. Со законот се дефинира кога полицискиот службеник може да ги примени неговите овластувања, со цел да не се прекршат човековите права. Доколку не може да се утврди идентитетот на лицето кое прави прекршок, тоа ќе биде уапсено. Во одредени случаи, ќе може да се вршат прегледи и претреси во станбените објекти, односно, домовите на лицата за кои постојат сомневања дека извршиле кривични дела“ – додава Јанкулоска
Новина е и тоа што, поголеми ингеренции ќе има првиот човек на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) кој, наместо истражниот судија, отсега ќе може да издава наредби за прикриено полициско дејствување. Исто така, со новите законски измени ќе може да се употреби детектор на лаги, само со претходна согласност од осомниченото лице.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.