СВР Охрид започна со засилени контроли на возилата на кои е извршено затемнување на стаклата, појава која во Охрид во последниот период е се позачестена, велат од полицијата. Тоа е спротивно на законот и сериозно  ја загрозува безбедноста во сообраќајот, предупредува СВР Охрид.

-Со оглед дека на стаклата на возилата несмеат да се поставуваат огледални фолии, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност во сообраќајот, ќе постави подвижни мото-патролни служби составени од полициски службеници и стручно лице од станиците за технички преглед опремен со техничкото средество тинт-метар за мерење на пропустливоста на светлина. При констатирани прекршувања на одредбите од членот 360 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе биде изречен прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews