Полицијата не го пронашла Горан Грујовски во неговиот дом. Вчера, во Министерството за внатрешни работи пристигнале решенијата за притвор за поранешниот началник на Петтата управа во Управата за безбедност и контраразунавање (УБК), Горан Грујовски, и за неговиот соработник Никола Бошковски.
Грујовски и Бошковски се обвинети во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ на СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права.
Врховен суд ја потврди одлуката на Апелациониот суд да им определи притвор од 30 дена.