Денес СВР Охрид реализира самостојна акциска контрола во согласност со измените и дополнувањата на законот за заштита од пушење. Акцијата беше реализирана во повеќе угостителски објекти на целото подрачје на СВР Охрид- Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

– Контролите опфатија 33 угостителски објекти : четири во Охрид, седум во Струга, десет во Дебар и дванаесет угостителски објекти во Кичево. Притоа, во осум угостителски објекти констатирани се седумнаесет прекршоци од физички и четири прекршоци од правни лица. Во два угостителски објекти во Охрид,  пет прекршоци ги извршиле физички лица. Исто толку имало во Струга. Во Кичево евидентирани се четири прекршоци од физички лица затекнати во два угостителски објекти, а во Дебар имаше три прекршоци од физички лица во два угостителски објекти, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од СВР Охрид потенцираат дека денешната акциска контрола има превентивен карактер со цел доследно почитување на измените и дополнувањата од законот законот за заштита од пушење, според кој и униформираните полициски службеници имаат обврска во делот на примена на овие законски одредби.

Ohridnews