Во англискиот град Норфолк полицијата им забранила на децата да купуваат кечап и јајца, како би се спречило деликвентско однесување.


Имено, тинејџерите од тој град со кечап и јајца ги уништувале фасадите на зградите и автомобилите. Забраната изгледа малку бизарно, но наредникот Анди Браун вели дека делува.


-Знам дека е малку чудно но разликата е очигледна затоа што немаме веќе жалби од граѓаните, кажува Браун. На тоа додава и дека прскањето со кечап не е забрането со законот, но може да биде казниво ако на тој начин уништувате домови и автомобили.