Од почетокот на оваа година до сега, Криминалистичката полиција и Полициското оделение Пештани при СВР Охрид, спроведоа повеке акции за пронаоѓање рибарски мрежи и откривање на лица кои се занимаваат со незаконит риболов, криумчарење и прикривање на риба.
Во првите осум месеци од оваа година, од водите на Охридското езеро, на потегот од Љубаништа до каналот кај ,,Билјанини извори,, со пловен објект, извадени се и запленети вкупно 78 рибарски мрежи чија просечна должина изнесува до 50 метри. Пронајдени се и запленети близу 120 килограми разни видови риба претежно охридска пастрмка, 40 .000 зрна икра како и повеке телескопи, жили со блинкери, рибарски сачми и друг рибарски прибор.
Одземената риба, со записник е предадена во Хидробиолошкиот завод – Охрид за понатамошна техничка анализа.
СВР Охрид и понатаму интензивно ке работи на сузбивање и санкционирање на сите облици за незаконит риболов во водите на Охридското езеро, се наведува во информацијата на СВР Охрид.












