Делијан Еткисон, поранешен фудбалер на Астон Вила, починал по полициската акција во неговата семејна куќа, во близина на Бирмингем.


Англиските медиуми објавија дека врз 48-годишен маж употребила електрошокер, кој потоа бил префрлен в болница каде бил прогласен за мртов. Срцето на Еткисон престанало да чука на патот кон болницата.

„Не знам дали бил пијан или дрогиран, но беше вознемирен и многу агресивен. Јас не ја повикав полицијата, но очигледно дека тоа го направил некој друг“, низ солзи им раскажувал на новинарите 85-годишниот Ернес, татко на починатиот Еткисон.


Делијан Еткисон во кариерата настапувал за Испвич, Шефилд, Реал Сосиедад, Астон Вила, Фенербахче, Мец, Манчестер Сити, Ал-Итихад, Даејон и Јеонбук.

Еткисон кариерата ја завршил во 2001 година. Пред 25 години негов гол бил избран за гол на сезоната во Премиерлигата.

„Макфакс“
OhridNews