Вчера, во 16 часот во охридската полициска станица било пријавено  дека на плажата пред хотелот „Макотекс“ во населбата Лагадин, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица.

По излегувањето на местото на настанот, полициските службеници затекнале три лица како физички го напаѓаат едно лице од село Пештани, удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото. На дадена наредба да престанат со натамошното нарушување на јавниот ред и мир, истите се оглушиле на наредбата, по што од страна на полициски службеник  од службеното оружје, заради заплашување, биле испукани три истрели во воздух.

Лицата се приведени во СВР- Охрид и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.

OhridNews