Во текот на минатиот месец, Единицата за борба против криминалот „Алфи“, при вршење на редовна мотопатролна дејност извршила легитимирање на вкупно 946 лица. Од нив, по разни основи се приведени 320 лица, а извршен е и преглед на вкупно 184 моторни возила.

Дел од лицата се приведени под сомнение и по основ за извршени кривично, за издржување на казна затвор, потоа по основа на потраги и наредба од Основен суд, а приведени се и странски државјани со нерегулиран престој во државава.

48 лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, додека поради поседување опојни дроги дури 57 лица се однесени во полициските станици.

OhridNews