Во текот на минатиот месец, Единицата за борба против криминалот „Алфи“, при вршење на редовна мотопатролна дејност извршила легитимирање на вкупно 981 лице. Од нив, по разни основи се приведени 280 лица, а извршен е и преглед на вкупно 129 моторни возила.

Дел од лицата се приведени под сомнение и по основ за извршени кривично, за издржување на казна затвор, потоа по основа на потраги и наредба од Основен суд, а приведени се и странски државјани со нерегулиран престој во државава.

31 лице е приведено поради нарушување на јавниот ред и мир, додека поради поседување опојни дроги дури 37 лица се однесени во полициските станици.

OhridNews