Возилата Сеат алтеа ќе ги заменат  полициските крајслери кои досега се користеа за потребите на министерството за внатрешни работи, а кои беа набавени пред 12 години.

Фирмата „Ка-дис“ на денешната електронска аукција даде најниска понуда на огласот за набавка на 150 возила, при што понуди цена од 209 милиони 750 илјади денари.

На аукцијата покрај „Ка- дис“ учествуваа уште четири правни субјекти со свои понуди – „Порше Македонија“ со моделот Шкода јети, „Аутомотив Груп“ со Рено колеос, „Автомакедонија“ со Опел инсигниа и „Делукс-Ауто“ од Куманово со Фолксваген тигуан.

Почетната цена на јавното наддавање беше 236.934.900 денари, а понудувачите можеа да ги намалуваат понудите најмалку за 250.000 денари, а најмногу 2.500.000 денари во секој круг од јавното наддавање.

Како што налага тендерската документација возилата треба да бидат во бела боја со ознаки на полицијата, а во цената е вклучено и тригодишно бесплатно одржување на возилата. Предвидено е возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина од 1.900 до 1.300 сантиметри кубни и со моќност од 110 до 140 киловати. Новите возила треба да се плаќаат на 36 месечни рати, а рокот за нивна испорака е 90 дена.

По завршувањето
на аукцијата, следуваше реакција од компанијата Порше Македонија која го оспори изборот на нови
полициски возила и најави соодветна
жалба до биро
то за јавни набавки и до Тендерската комисија при МВР.Порше Македонија обвинува дека и било оневозможено учеството на е-аукција за
Тендерска постапка за набавка на 150 моторни возила во Полициска изведба.

Од  Порше Македонија велат дека доставиле пониска цена од наведената на аукцијата, но им бил
оневозможен пристапот до веб страната.

OhridNews