Деновиве низ Охрид можеше да се забележи група со кабриолети со полски регистрации, очигледно вљубеници во атрактивниот двосед кабриолет на Mazda MX5 – Miata


– Во разговор со нив дознаваме дека во Полска постои клуб на заљубеници на овој прекрасен кабриолет и дека традиционално патуваат во поголеми групи на различни места низ светот. Годинава се на турнеја низ Балканските земји при што за разгледување на градот на светлината и убавините на Охридското Езеро одвоиле три дена – вели Александар кој ги затекна при разгледувањето на градот.

Овој модел претставува атрактивен двосед кабрилет кој за прв пат е произведен 1989 година. Со првото претставување на пазарот креира еден посебен статус на малечко градско возило направено од лесни метеријали со висока технологија, во кое се чуствувате посебно горди.

После само три години производство се искачува на врвот на потрошувачка во својата класа на двосед кабрилет со 900.000 броја на годишно ниво. 1998 година следеше втората генерација, а 2006 година третата генерација. За средината на 2013 година е најавено претставувањето на четвртата генерација. Сеуште е на врвот на листата како најпродаван двосед кабриолет.

М.П.