Жители од Велмеј се жалат дека контејнерите во селото речиси две недели стојат преполни со отпад, кој се разнесува наоколу од страна на уличните кучиња.

Јавното комунално претпријатие изгледа заборавило која е неговата основна должност ,да не се собира отпадот во селото како да стана пракса. Сметките доаѓаат редовно, тоа не го забораваат. Плаќаме за собирање на отпадот, а тоа не се прави редовно. А, ако ние нашата обврска за плаќање на сметката не ја извршиме навремено следува присилна наплата, велат жители од Велмеј.

Од јавното комунално претпријатие „Дебрца“ објаснуваат дека дошло до дефект на возилото за подигање на отпадот и дека поради тоа контејнерите во Велмеј не биле испразнати минатиот вторник, денот кога вообичаено се подига отпадот.

Располагаме само со едно возило и тоа во моментов е во дефект, на чие отстранување се работи. Се преземаат алтернативни мерки и отпадот ќе биде подигнат со друго возило, вели директорот Васил Јончески.

Јончески очекува дека проблемот со возилото ќе се реши во текот на оваа седмица.

OhridNews