Успешна спортска година е зад центарот “Бушидо“ од Струга кој годинава постигна забележителни резултати во Kик-боксот и во каратето.

Годината ќе ја паметиме по добро, секако најпозитивна работа беше мојата трета професионална победа ,  а негативно се финансиските проблеми поради кои сме спречени да присуствуваме на поголем број турнири – вели Слободан Кајмакоски.

Како ги оценувате состојбите во спортот кај нас, Охрид, Македонија? –  Состојбата на спортот во Македонија не е најлоша, но далеку е од најдобра. Потребни се многу повеќе инвестиции и одговорните и надлежните повеќе да се позанимаваат околу спортот.

Дали мисилите дека го следиме чекорот со светски те збиднувања? – Има земји кои се далеку пред нас, ние постојано се трудими и според мене не  заостануваме многу зад другите.

Што очекувате од наредната 2011 година?  

Уште на старот од 2011 година започнуваме со полна пареа, прво е семинарот со мегапопуларниот Стефан Леко од Германија кој ќе ни покаже и научи како тренираат професионалците кои ги гледаме на тв екраните. Потоа следуваат државните натпревари, а годинава очекуваме два до три професионални меча за Кајмакоски додека при крајот на годината е Светското Првенство што ќе се одрзи во Скопје.

М.П.