Само во текот на вчерашниот ден регистрирани се повеќе инциденти. На ул.„Сирма Војвода“ при обид за приведување на граѓанин од Скопје, полициските службеници биле попречувани од страна на неговата партнерка која им се заканувала со скршени стаклени шишиња. Двајцата се приведени во охридската полициска станица.
На ул.„Питу Гули“, исто така вчера, дошло до вербална расправија помеѓу две момчиња, која прераснала во тепачка во која бил употребен и нож.
Во селото Коњско, пред локална продавница, пештанец бил нападнат од три непознати машки лица, при што му е нанесена тешка телесна повреда (фрактура на носот). СВР- Охрид трага по сторителите.