Францускиот стратег Арсен Венгер слави полнолетство во англискиот фудбал откако на денешен ден пред 18 години седна на клупата од лондонскиот премиерлигаш Арсенал.
На клупата од „топчиите“ Венгер пристигна од јапонска Нагоја која ја водеше една сезона, а претходно Французинот работеше во Монако седум сезони.
Со доаѓањето на Венгер во Англија се смена целата филозофија и од фудбал со долги топки почна да се игра брз и технички поткован фудбал она што е денес заштитно лице на Премиер лигата.
Тој на „топчиите“ му донесе титули во Премиер лигата, ФА купот, Лига Купот, но сеуште се без трофеј од Лигата на Шампионите иако имаат одиграно едно финале 2006 година кога претрпеа пораз од Барселона 2-1.
Во кариерата Венгер имал многу ривали, но секако дека најголем му беше сега веќе легендатата во англискиот фудбал Сер Алекс Фергусон кој 26 години беше дел од Манчестер Јунајтед.
Мх.П.