Половичен успех за охридскиот подмладок викендов во рамките на рунда од шампионатот. Воиграноста и добрата форма на кадетите најдобро на своја кожа ја осетија нивните врсници од Евромилк кои беа совладани со 10-0. Втора рунда по ред кадетите со чиста десетка го добиваат натпреварот.


Младинците по триумф минатата рунда над Новаци, им се вратија на поразите откако беа совладани со 4-1.

Наредниот предизвик за охридскиот подмладок е мечот во националниот куп против Македонија ЃП во среда во Охрид.

OhridNews