Македонските интернационалци имаа половичен успех на синоќешните натпревари во Евролигата.

Владо Илиевски и шпанскиот првак Тау Керамика загубија на гостувањето кај Олимпијакос со 70-73. Илиевски за 17 минути игра имаше учинок од седум поени (2-2 за два, 1-1 за три поени), две асистенции и по еден скок и украдена топка.

Реал Мадрид со 87-84 славеше на гостински терен над Алба Берлин. Натурализираниот македонец Џеремаја Мејси за 10 минути игра постигна седум поени.

ohridnews