Викендов непознат сторител провалил во стан на ул. „Бихачка“, од каде одзел метален сеф во кој имало околу 500.000 евра, 50.000 долари, поголема количина разновиден златен накит и документација причинувајќи материјална штета во вкупен износ од околу 33.580.000 денари.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителот, соопшти МВР.