Филипинскиот боксер, Мани Паквајо, половина од парите кои ги заработи од борбата со Флој Мејведер ќе донира во хуманитарни цели. Паквајо во неделата загуби на поени од Мејведер, а од ‘борбата на векот’ заработи 120 милиони американски долари.


Паквајо е познат по својата хуманитарна работа и често потсетува дека никогаш не го заборава фактот дека потекнува од многу сиромашно семејство.

„Сигурно е дека половина од парите кои Мани ќе заработи ќе одат во хуманитарни цели. Едноставно тој така функционира. Не сакаме дополнително да говориме на оваа тема, бидејќи многу хуманитарни организации бараат дополнителни пари“, соопшти промоторот на Паквајо, Боб Арум.

За разлика од Паквајо, неговиот ривал Мејведер, кој заработи 180 милиони американски долари, не помислува да подари барем нешто од своите пари, тој најчесто се фали со своето богатство.

Пред борбата во Лас Вегас изјави дека парите му се поважни од самиот меч, бидејќи мора да „ги нахрини своите ќерки“.

„Макфакс“