Делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Методи Патчев во градскиот парк, по повод годишнина од неговата смрт.
Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, од Здружението што го носи неговото име, од Сојузот на борци на Република Македонија и претставници на политички партии.
Војводата Методи Патче, животот го загубил на 7 април 1902 година во Кадино Село во близина на Прилеп. По опколувањето од турскиот аскер и долгата борба на комитите не им преостанало ништо друго освен да се предадат или да умрат. На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат. Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.
OhridNews