Во рамки на програмските активности за негување на револуционерните традиции од Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија, денеска, по повод формирањето на Шестата Македонска народно-ослободителна ударна бригада, делегација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца, заедно со делегации на Општинската организација на СБ од соседна Струга и Гарнизонот на АРМ- Охрид , положија свежо цвеќе на месноста Рудина , Бела Вода на Караорман.
На ова место на денешен ден пред 66 години е формирана Шестата Македонска народно-ослободителна ударна бригада.











