По повод Денот на македонската револуционерна борба, претпладнево Делегација на локалната самоуправа, на Општинската организација на Сојузот на борците од Охрид и Дебрца и од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во градскиот парк положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на македонските револуционери.

Чествувањето на празникот во општина Охрид започна уште вчера со отварање на детската паралелка при ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“ во Велгошти и со свечена седница во општинската зграда на која присуствуваа голем број граѓани.

OhridNews