По повод одбележувањето на 200 години од раѓањето на Димитар Миладинов, утре, официјално ќе биде отворена реконструираната Спомен-куќа на браќата Миладиновци, во која е сменета дрвенаријата и внатрешниот ентериер, а ставени се и нов под и паркет.

– Со отворањето на домот за јавноста ќе овозможиме сите да доаѓаат и да се запознаваат со делото на браќата Миладиновци. Ќе бидат внесени многу нови содржини. Во долниот дел планираме да ги изложиме мозаиците од Октиси. Во овој дел ќе бидат поставени и сите материјали кои сме ги собирале со децении, изјави Сашо Цветковски, директор на струшкиот Музеј .











