Европското првенство во кошарка во 2015 година би можело да се одржува во Украина, Полска и Чешка. Домаќин на Евробаскетот 2015 треба да биде Украина, но политичката криза во оваа земја ги натера челниците на ФИБА Европа да започнат да ја разгледуваат опцијата првенството да биде организирано во друга земја.

Минатата недела Кошаркарскиот сојуз на Полска, во соработка со Чешкиот сојуз, на ФИБА Европа и предложил овие две земји заедно со Украина да го организираат Европското првенство.

ФИБА би сакала првенството да се одржи во некоја друга земја, но Украина веќе плати за половина од трошоците. Доколку им ја одземат организацијата, ќе мора да им ги вратат парите. Ние понудивме решение, ние да ја добиеме организацијата, а во Украина да се игра една од четирите групи“, рекол претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Полска, Гжегож Бјачински.

Доколку ФИБА Европа го прифати овој предлог, од Полска страна градови домаќини би биле Вроцлав и Катовице, во Чешка би се играло во Прага, додека Украина би била домаќин во Л’вов.

„Макфакс“