Македонскиот ракометен шампион Вардар во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони ќе ги одмери силите со тимот на Висла Плок.


„Црвено црните“ противникот во првата елиминациска фаза го добија откако го совладаа Монпеље пред своите гледачи, а и Барселона не погреши на домашен терен против Рајн Некар Левен.

Вардар и минатата сезона се сретна со полскиот вицепрвак и успеа да го мине, а потоа налета на Киелце кој беше непреминлива пречка за пласман на завршниот турнир во Келн.

Ако на останатите мечеви од групите А и Б не се случат изненадувања противник на „црвено црните“ во 1/4 финалето ако ја минат Висла ќе биде ривалот од СЕХА лигата, Веспрем.

OhridNews