Едно лице го загуби животот поради екстремно високите температури кои овие денови ја погодија Грција, јавија грчките медиуми, пренесува „Макфакс“.
Се работи за 40-годишен турист од Полска, кој колабирал во Атина, поради високите температури. Веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да м у го спасат животот.
Властите ги предупредуваат граѓаните да се заштитат од високите температури кои во многу делови од Грција достигнуваат 40 степени Целзиусови.
OhridNews