На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со економскиот промотор на Македонија во Полска, од 21-26 јуни во Охрид и Македонија ќе престојува група на туроператори и новинари.
Меѓу гостите кои доаѓаат се наоѓа и претседателот на полската туристичка комора, Јан Корзак, претставници на влијателни туроператори, како и новинари од полската телевизија” Кања цзѕ Хербата”, Павел Јерз и Јустина Зајач, ипретставници од печатени медиуми.
Целта на посетата е да се запознаат со туристичките потенцијали на Македонија, со цел наредната година нашата земја да се најде во полската туристичка понуда.











