Амбасадата на Полска во Македонија им ја честита победата на македонските ракометари на натпреварот со Полска.

„Иако овој пат загубивме, се радуваме не помалку од Вас, на Вашата победа. Посебни честитки и пофалби му упатувам на Борко Ристовски и Кирил Лазаров за нивната одлична игра. Навистина имаше што да се види. Стискаме палци за двата тима во понатамошниот тек на натпреварите на Европското првенство“ се вели во честитката на полскиот амбасадор во Македонија Пжемислав Чиж.

Ohridnews