Претседателот на Република Полска, Бронислав Коморовски кој е во официјална посета на Македонија, денес, придружуван од својата сопруга и домаќините, претседателот Ѓорѓе Иванов и сопругата Маја, престојуваше во Охрид.
Полскиот претседател, на кого топло добредојде му посака и градоначалникот Никола Бакрачески, имаше можност да ги посети најзначајните културно- историски споменици и локалитети во градот.
Високата делегација прошетката ја започна од Плаошник, ја посети Галеријата на икони, црквите „Света Богородица Перивлепта“ и „Света Софија“, манастирскиот комплекс Свети Наум, како и наколната населба „Заливот на коските“.
OhridNews
фото:Емилио