По одмотувањето на клопчето во Лигата на Шампиони на ред е Лигата на Европа која сезонава понуди исто возбудливи мечеви како и во најквалитетното клупско натпреварување.


Шпанските екипи Виљареал и Севиља се изборија за позитивен резултат по првите полуфинални мечеви со Ливерпул односно Шахјтор победувајќи 1-0 и ремизирајќи како гостин 2-2.

Не постои недостижен резултат за „црвените“ на Енфилд кои имаат максимален ефект во мечевите од нокаут фазата во Лигата на Европа.

Победите над Борусија Дортмунд (4-3) и Манчестер Јунајтед (2-0) му влеваат надеж на Ливерпул за пласман во финалето кое ќе се одигра во Базел.

Севиља, пак, преку одбрана на круната во Лигата на Европа се надева на излез во Лигата на Шампиони.

Гостинското реми (2-2) на Сан Пижуан ги прави фаворити, но „голот во гости“ не мора да значи ништо, ако андолузијците не победат пред своите гледачи.

Полуфиналните мечеви од Лигата на Европа се играат во 21 и 05 часот.

OhridNews