Со песна и игра, вчеравечер, во хотелот „Белведере“ полуматурантите од ОУ „ Христо Узунов“ го прославија крајот на основното образование. Заедно ги пееја познатите рефрени, играа и се забавуваа до раните утрински часови.


Како што велат полуматурантите, прославата е убаво заокружување на еден значаен дел од нивниот живот кога се стекнале со основното образование,како и на периодот на бројни и  безгрижни денови,  исполнети со многу смеа и меѓусебно дружење.

OhridNews
Фото: ВАРЕ