Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.293.633 илјади денари што е за 48,4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 179 (73,1%) се наменети за објекти од високоградба, 28 (11,4%) за објекти од нискоградба и 38 (15,5%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 245 објекти, на 181 (73,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 64 објекти (26,1%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 504 станови, со вкупна корисна површина од 43.073 м2.