Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива исклучително отежнато и забавено по влажни и лизгави коловози и со големи остатоци од снег, информираат од АМСМ.

Од 10 часот и 15 минути, патниот правец Маврово – Жировница е затворен за сообраќај на сите видови на возила поради снежни лавини. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, како и на патните правци Дебар – Струга и Струга – граничен премин Ќафасан. Поради поинтензивни врнежи од снег и силен ветар, има појава на поситни лавини на превоите Ѓавато и Стража преку кои не се препорачува патување без некоја поголема потреба. На патниот правец Битола – Нижеполе – Молика  задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила. Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга поради можна појава на одрони.

На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена и намалена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

OhridNews