Помалку заболени од грип за разлика од претходната недела, но сеуште е висока активност во Охрид, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Сепак во четири ЦЈЗ/ПЕ (Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци) се бележи многу висока активност, во три (Кратово, Штип и Виница) – висока активност, средна активност се регистрира во единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во девет се бележи сезонска активност, додека во две единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип, велат од ИЈЗ.

Во однос на возрасната дистрибуција, 1.274 лица се на возраст од 15-64 години, 279 – деца на возраст од 0-4 години, 266 се лица на возраст над 65 години и 243 се деца на возраст од 5-14 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
OhridNews











