На 20/21 мај во периодот од 22.00 до 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“- Регионален центар за гранични работи Запад, во содејство со инспектори по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Eзеро реализираа патролни активности со мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Притоа, на околу 20 мeтри од брегот на езерото, на потегот помеѓу селото Трпејца и Св. Наум, пронајдоа и одзедоа 15 рибарски мрежи со должина од по околу 50 метри со улов од околу 13 килограми риба, додава Димоски.

OhridNews