Актуелниот тренер на Брест Мешков, Жељко Бабиќ е новиот селектор на хрватската ракометна селекција.


Селекторското столче остана празно откако Славко Голужа си поднесе оставка по разочарувачкиот настап на Хрватска на Мундијалот.

Помошник на новиот селектор ќе биде поранешниот репрезентативец Перо Метличиќ, кој беше клучна улога во „златната“ генерација предводена од Лино Червар на клупата.

Токму, Червар и актуелниот македонски селектор Ивица Обрван беа едни од кандидатите за селекторска функција во Хрватска.

Ohridnews