Дисциплинската комисија во Премиер лигата го поништи црвениот картон на фудбалерот од Вест Хем, Софијан Фегули кој го доби на мечот со Манчестер Јунајтед.


Главниот судија, Мајк Дин по само 15-ет минути игра престрого го исклучи Фегули кој остро стартуваше над дефанзивецот, Фил Џонс.

Одлуката, односно црвениот картон нема да важи и менаџерот Славен Билиќ на располагање Фегули ќе го има за следниот меч, но попусто, бидејќи со десет играчи во поле Вест Хем го изгуби натпреварот со Манчестер Јунајтед (2-0).


Да се крене прашината уште повеќе се погрижи првиот помошник на главниот судија кој го призна погодокот на Златан Ибрахимовиќ од офсајд позиција со кој Швеѓанецот ги постави конечните 2-0.

Јунајтед не запира, Вест Хем на менито од „црвените ѓаволи“ (видео)

OhridNews