Поранешниот менаџер на Ливерпул и Челси, Рафа Бенитез бил пред враќање во англискиот фудбал откако водел сериозни разговори со тимот на Вест Хем.
Премиерлигашот и менаџерот воделе разговори околу соработката, но во тој момент на адреса од шпанскиот стручњак стигнала понуда од Реал Мадрид.
Бенитез ги прекинал разговорите со „чеканите“ и пристапил да биде „шеф“ во Реал Мадрид наследувајќи го Италијанецот, Карло Анчелоти.
По неколку дена Вест Хем за свој менаџер го промовираше Славен Билиќ кој порано беше селектор на хрватската селекција.
Ohridnews